Микро-пукнатини Во некои случаи, може да се појават микро пукнатини. Тие не се видливи со голо око на сув производ и може да се видат само кога површината е влажна. Овие микро пукнатини не влијаат на квалитетот на производот и не се прифаќаат како рекламација. Отстапувања во димензии Компанијата „Винербергер“ ги гарантира димензиите на сите декларирани производите на Semmelrock Stein + Design, спо- ред стандардот МКС EN 1338, БДС EN 1339, БДС EN 1340. Отстапувањата во димензиите што се во рамките на толерира- ње наведени во овие стандарди, не се прифаќаат за реклама- ција. Чистење и одржување За да се зачува оптимално функционалноста и убавината на вашиот под, потребно е да се следат следниве упатства: Фугите,исполнети со неврзан материјал (кварцен песок) мора да се чистат така што материјалот за фугите да не се отстрани или извади од фугите. Машините за чистење не смеат да предизвикуваат повлекува- ње на фугите. Тие треба да не повлекуваат вертикално од фуга- та, туку по можност хоризонтално на површината. Различни производители на опрема за чистење нудат машини специјално дизајнирани за чистење на производи од бетон. Да не се користат машини со воден млаз или пареа! Во случај на голема контаминација на површината, користете специјализирана опрема за мокро чистење со млазници за вода, меки четки и соодветни средства за чистење на алкална основа. Треба да се има на ум дека по чистењето треба да се провери дали фугата е исполнета со материјал и, доколку е потребно, да се надополни со цел да се одржи стабилноста на подната површина. Чистење во зима Кога чистите и отстранувате снег, користете соодветни елас- тични крајници на машините за спречување на механичко оштетување на површината. Не користете алати со метален крајник за рачно чистење. Упатство за правилна употреба Правилната употреба вклучува оптоварување, како што е наведено во техничките податоци на производот. Рекламации поради преоптоварување над максимално дозволеното, не се признаваат. Со цел да се зачува површината на производите со дозволено оптоварување од моторни возила, не треба да се дозволува движење со ланци без заштитни тампони, тешка градежна техника и секаква дејност поврзана со одржувањето што предизвикува оштетување на површинскиот слој. При изборот на бехатон треба да се посвети внимание на тоа дека отпорноста на лизгање во голема мера зависи од тексту- рата на површината, заштитниот слој и чистењето на соодвет- ната површина. Погрубите површини имаат повисока отпор- ност на лизгање. При нанесување на заштитен слој или при присуство на заштитен слој, отпорноста на лизгање се намалу- ва. Средствата за чистење, кои формираат покривен слој врз површината не треба да се користат. При специјални услови на користење, како што се рампите, препорачуваме да се избира бехатон со повисока отпорност на лизгање. Ве молиме да пос- ветите внимание дека при чистењето на мразот и снегот треба да се користат соодветни соли за одмрзнување или материјали што содржат состојки против лизгање (на пример, песок). Боење Поради атмосферските влијанија, околината или основните материјали во одделни случаеви на површината или перифе- ријата на производите може да се појави мала промена на бојата во жолто или кафеава. Бидејќи не можеме да влијаеме врз овие услови, ниту обојувањето не дава право на реклама- ција. Важно! При употреба на комбинирани ѓубрива за поттикнува- ње на вегетацијата има опасност од појава на дамки од ’рѓа врз бетонските производи. Користете чисти NPK ѓубрива, кои немаат дополнителни примеси во составот. Ширина на фугите Бетонските производи што се поставуваат со премногу тесни фуги или чија основа ја нема потребната носивост е изложена на оптоварувања на рабовите, што не може да го издржат и високо квалитетните бетони. Последиците од ова се кршење на рабовите. Поради оваа причина, со цел да се спречи кршење- то на рабовите на производите, препорачуваме ширина на фугите помеѓу производите да биде најмалку 5-8 mm. Вградените фуги за дистанца служат за спречување на ронење при транспорт, а не за постигнување на потребната фуга. Фугирањето се врши во две фази. Првично, фугата се полни до врвот со помош на соодветна четка со кршен кварцен песок од групите 0/2 mm, 0/4 mm, 0/8 mm со максимум количина 0 - 0,1 мм макс. 5% и максимална големина на зрно не повеќе од 40% од ширината на фугата. По вибрирање, фугата треба да се наполни по втор пат и да се полее со вода. Кај павер-елемен- тите со фасет да се полнат до долниот крај на фасетот. Дополнително е потребно да се проверуваат фугите најмалку еднаш годишно и да се полнат доколку е потребно со песок. Не додавајте прашина или цемент. Во случај на поврзан или мешан начин на поставување на бетонскиот под, препорачуваме ширината на фугата да биде од 8-15 mm. Јачината на притисок на смесата за фугирање мора да одговара на очекуваното оптоварување и во ниту еден слу- чај не смее да биде поголем од јачината на притисок на повр- шината. Внимавајте на техничките услови при монтажа на подот. Рекламации Производите треба да се прегледаат при преземање и пред монтажата. Ако се најдат видливи дефекти во квалитетот, тие мора да бидат заведени како рекламација пред монтажата. Дефектните производи не треба да се монтираат! Во случај на оправдана рекламација, производите се заменуваат. 71